Македа и Милиќ донесоа значаен триум на Вардар во Сегедин

0
456

Ракометарите на Вардар, забележаа значајна победа над ПИК Сегед 31:29 (13:14), во претпоследното коло во Лигата на шампионите. Вардар до победата го предводеше голманот Страхиња Милиќ, кој имаше брилијантен настап во второто полувреме. ПИК Сегед и Вардар се тимови кои играчки располагаат со сличен квалитет и сличен стил на игра, со оглед на тоа дека Шпанци ги предводат двата тима.

Милиќ натпреварот го заврши со 13 интервенции, додека стрелците кај македонскиот шампион ги предводеше Македа со осум голови, пет постигна Душебаев, а четири Горбок. Осум голови кај Сегед реализираше Бомбач.

Вардар со победата над Сегед направи голем исчекор кон освојување на третото место во групата. За да се реалзира таквото сценарио, Вардар ќе мора во последното коло, на 5 март, да слави над Монпелје, а во исто време Рајн Некар да загуби во Барселона, односно Сегед да доживее пораз кај Кјелце.