Македонец и Србин истепале и ограбиле Британец на Закинтос

0
1191

Млад Македонец и Србин се уапсени на грчкиот остров Закинтос откако е откриено дека тие истепале и ограбиле нивен врсник од Велика Британија. Македонецот има 17 години. Една година е постар неговиот другар од Србија, а 21-година има и жртвата. За инцидентот, грчката полиција ги известила и дипломатските мисии на трите земји, дознава Плусинфо.

Во својот исказ во грчката полиција тој изјавил дека на плажа бил пресретнат од двајцата напаѓачи кои поднапиени му рекле „англиско ѓубре“.

Набрзо напаѓачите биле уапсени, а кај нив е пронајден и телефонот кој го зеле од жртвата. Против нив е поднесена кривична пријава за насилство, а во моментот се во притвор.

plusinfo.mк