Македонец ќе стане милионер од играње видео игри

0
2329

Младиот гејмер Мартин Саздов или попознат како Saksa, со својот тим Digital Chaos се пласираа во топ три на Интернационалниот турнир за Дота 2, кој се одржува во Сиетл, САД. Тие денес ќе се борат за финале со минатогодишниот победник, тимот Evil Geniuses од САД.

Дота 2 е еден од најголемите е-спорт турнири во светот кој го следат десетици милиони гледачи. Најдобрите тимови од сите континенти најпрво играа на континентални квалификации, па потоа се натреваруваа со победниците од останатите континенти.

Младиот Саздов од Свети Николе е всушност првиот Македонец кој се натпреварува на овој турнир, а веќе се најде меѓу првите три.

Главната награда изнесува девет милиони долари.

Мартин Саздов Saksa и Digital Chaos се официјално ТОП3 на The International 2016 во Dota2 со загарантирани 2,157,375 долари.