Македонец на “National Geographic”

0
681

“National Geographic”,  емитуваше кус прилог за големото откритие на Виктор Груев кој  работи заедно со уште неколку светски научници. Груев е професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.
Тој е пронаоѓач на специјални очила со кои хирурзите за време на операција можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот е вистинска мини револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки без да се уништи и здравото ткиво.
Во емисијата “EXPLORER” Д-р Груев е претставен како футуристички научник кој го изучува сложениот вид на инсектите и други мали животни со цел да развие технологија со која ќе се детектираат клетките на ракот. Груев вели дека природата изградила комлексни системи за вид кои на живите суштества им овозможуваат да опстанат, а посебно е фасциниран од видот на малото морско ракче Мантис. Според Груев тоа има сложени очи со нано келии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од човекот.
„Технологијата со поларизација на слики има потенцијал револуционерно го промени начинот на кој гледаме на многу проблеми во медицината и да помогне да се дијагностицира рак, и што е важно оваа технологија е евтина.“ – вели Виктор Груев во прилогот “National Geographic”.

Очилата,со кои хирурзите за време на операција можат да ги видат клетките на туморот ,засега се употребуваат за отстранување на рак на дојка и на кожа-појаснува Груев,кој ова лето беше во Македонија, со цел,да се изнајде начин да се одобрат специјалните протоколи на СЗО, за да може-како што рече, да ја донесеме технологијата тука.

Дека овој изум претставува вистинска мала револуција во светската медицина, говори и фактот што во повеќе од половина од случаите со помош на очилата, хирурзите додатно забележале канцерогени клетки,невидливи со голо око.Овие специјални очила можат да го спасат човештвото од најсмртносната болест,малигните заболувања од кои годишно во светот умираат над 4 милиони животи.

Каналот национална географија е достапен во повеќе од 143 земји, а во над 160 милиони домови граѓаните имаа можност да ја проследат едночасовната емисија за откритието на др Груев.