Македонецот Стефан неколку пати бил во Сирија и се борел за ИСИС

0
1192

Стефан Стефановски (31) лекар од Скопје е христијанското име на еден од уапсените во вчерашната антитерористичка акција на МВР „Ќелија“.

Според извори од истрагата, Стефановски откако ја сменил верата, го примил исламот и добил и муслиманско име Суфијан, неколку пати бил на боиштето во Сирија. На боиштата во Сирија, тој со друго име и лажен пасош, најчесто патувал преку Турција.

Секогаш кога се враќал, во Македонија неговата главна задача била да врбува нови борци. Според истрагата Стефановски верувал во исправноста на целите на терористичката организација, а не како платен војник.

Од вчера, заедно со осумтемина други уапсени, Стефановски е во триесетдневен притвор и добиена кривична пријава за учество во странски конфликти, во странска војска или паравоена формација и за врбување поединци за учество во терористички и паравоени формации.

Меѓу приведените и осомничените (36) има уште еден Македонец муслиман,  29 Албанци, и 5 Турци. Повеќето од нив се со завршено средно образование, женети со деца.

Извори од истрагата велат дека поголемиот дел од осомничените немаат криминални досиеја, а неколкумина биле регистрирани за помали кражби.