„Македонија без отпад 2015“ в сабота низ цела земја

0
317

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Град Скопје и општините со нивните jaвни претпријатија, и граѓанската асоцијација „Ајде Македонија“, в сабота ќе учествуваат во големата национална кампања „Македонија без отпад 2015“.

Активности ќе се спроведуваат на целата територија на државата, при што локациите ќе бидат мапирани на светската мапа.

Централниот настан од кампањата ќе се спроведе во општина Ѓорче Петров на локација: патека покрај реката Вардар кај пешачкиот мост во близина на „Европската очна болница“, со почеток во 11:00 часот.

Со оваа кампања, граѓаните на Република Македонија се вклучуваат во глобалната акција – Let’s do it! World 2015, која е и официјално поддржана од Европскиот парламент.