„ Македонија без отпад“ и во Битола

0
624

Општина Битола и годинава се вклучи во проектот „Македонија без отпад„ каде заедно со јавните комунални претпријатија „Нискоградба”, „Комуналец” и „Водовод”  презедоа активности на повеќе локации низ градот за чистење на дивите депонии.  Акцијата ќе продолжи и во наредните неколку дена, бидејќи денес  исто така започнува и есенското чистење на дивите депонии кое е во склоп на програмата на Општина Битола и се спроведува два пати годишно.

cistenje 4

„Овој пат имаме над дваесеттина диви депонии регистрирано, кои што се влезени во програмата да се чистат од денеска и во наредните неколку дена. Во акцијата се вклучени и дел од училиштата кои чистат во својата средина. Меѓутоа со нашите комунални претпријатија Комуналец, Нискоградба и Водовод се лоцираме онаму каде што има поголеми диви депонии, односно каде нашите несовесни граѓани, незаконски и некоректно го исфрлаат отпадот.” изјави градоначалникот д-р Владимир Талески.