Македонија дел од „Хепи купот“ во Умаг во ноември

0
276

Македонската машка ракометна репрезентација ќе настапи на пријателски турнир во Хрватска за време на ЕХФ неделата на почетокот од следниот месец. Македонија ќе го отвори пријателскиот турнир „Хепи куп“ во Умаг против Хрватска на 6 ноември. а следниот ден ќе игра против Црна Гора. Селекторот Ивица Обрван со овие два натпревари би требало да добие комплетна слика за моментална форма пред европското првенство. Македонија во јануари следната годија ќе игра во група во Краков со домаќинот Полска, Франција и Србија.