Македонија е подготвена да прифати 2000 имигранти

0
342

Македонија ќе може да прифати 2000 мигранти со помош на ОН и Црвениот крст. Тоа го изјавил македонскиот претседател Ѓорге Иванов на прес-конференцијата по завршувањето на средбата на лидерите на земјите од Балканот во Брисел.

Според шефот на државата, ако дојде до затворање на границите за имигрантите, Македонија ќе преземе акција, како и сите останати држави од Европа.

„Македонија е подготвена за секакви сценарија, но не сакаме да дојде до тоа. Подготвени сме да бидеме транзитна зона, бегалците да доаѓаат, но и да не останат. Се надеваме дека нема да дојде до затворање на границите. Затоа беше свикана и оваа средба, за да се најде решение“, изјавил Иванов.

„За разлика од бегалците од Сирија и Ирак, кои сакаат да се вратат дома, бегалците од Африка немаат таква желба. Ова ја отежнува ситуацијата, со оглед дека нема размена на информации, нема комуникација помеѓу сите земји во овој коридор. Македонија, како и во други случаи, е парадокс, бидејќи сите бегалци доаѓаат од териториите на ЕУ. Тоа го истакнав и во својот говор, бегалците мораше да дојдат, за да се види кој е најбрз влез на Блискиот Исток кон Европа. Многумина заборавија кои се коридорите од кои доаѓаат кон ЕУ и Унијата сега се соочуваат со предизвикот од територија надвор од ЕУ, а тоа е претежно Турција“, додал претседателот Иванов.

Според него благодарение на германската канцеларка Ангела Меркел границите се сеуште отворени и ако дури и една држава ги затвори своите граници, тоа би предизвикало бројни тешкотии на останатите, бидејќи Македонија и земјите од регионот немаат капацитет и средства да се справат со голем број на мигранти.

„Ова за нас и Србија, но и за Хрватска и Словенија, кои исто така се финансиски изморени, ќе биде проблем“, изјавил шефот на државата и додаде дека „Македонија нема капацитет за да може да задржи поголем број мигранти на својата територија ако границите бидат затворени“, дополнил тој.

Според Иванов, Грција се спротистави на предлогот чувари на европската гранична агенција „Фронтекс“ да ја чуваат границата со Македонија, бидејќи за Атина тоа е прашање на билатерални односи.

„Имавме разговори со премиерот Алексис Ципрас, на кои се истакна потребата од размена на податоци, какви што во моментов немаме … Пред сè, колку (мигранти) доаѓаат од островите во Пиреја и од таму кон Македонија. Понекогаш доаѓаат по 10 000 бегалци одеднаш. Соработката е на ниско ниво и треба да има размена на информации помеѓу министерствата и властите. Разменуваме информации со Србија и Хрватска во полицијата а таква информација ни е потребна и од грчка страна“, изјавил Иванов.