Македонија го ограничи 90% нелегалниот миграциoнен поток

0
349

Благодарение на Македонија со 90% е намален во март бројот на нелегалните премини на границите на ЕУ во регионот на Западен Балкан.

Ова го објави граничната служба на ЕУ „Фронтекс“.

За споредба е земен бројот на илегалните преминувања на границите во февруари. Минатиот месец 4930 мигранти незаконско поминале низ границите, што е за 10% помалку во однос на март 2015 година.

„Фронтекс“ констатира и дека благодарение на договорот меѓу ЕУ и Турција за ограничување на миграциониот поток и операцијата на НАТО во Егејот значително е намален бројот на мигрантите, кои пристигнуваат на грчките острови. Во март тој број бил 26 460 лица, што е „помалку од половина од показателите во февруари оваа година“, забележуваат агенциите.

И сепак оваа бројка е 3 пати поголема од показателите за март минатата година.

„Во просек во првата половина на април се регистрирани 100 бегалци кои пристигнуваат на ден“, истакнува извршниот директор на „Фронтекс“ Фабрис Леджери.

Расте сепак миграциониот поток по централниот медитерански правец – во Италија. Во март 9600 лица пристигнале на Апенините.