Македонија го празнува Денот на македонската револуционерна борба

0
247

Македонските граѓани  го одбележуваат 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

На 23 октомври, 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуционерна Организација.

Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република и конечно, преку Народно ослободителната борба резултираше со создавање на модерна самостојна македонска држава.

„Ова е ден кога пред многу години македонскиот народ ја добива организацијата која по својата форма и функција ја отсликува оваа негова желба и која прераснува во предводник и организатор на македонската револуционерна борба за обезбедување на најосновните човекови права и можност за достоинствен живот. Целта на Внатрешната македонска револуционерна организација била изедначување на македонскиот со сите останати европски народи кои непречено ги изразувале и одржувале своите традиции, култури и посебности непречено на својот мајчин јазик. Основоположниците и нејзините членови имале вонредно тешка задача да го организираат народот и успешно да покренат движење кое ќе води кон слободата на Македонија. Благодарение на нивната неисцрпна љубов кон татковината, која им ја давала силата да истраат во своите напори и фанатичната посветеност кон зададената цел која е дел од битието на секој Македонец, членовите на ВМРО оставиле траен позитивен белег во нашата историја, а нивните вредности и дела трајно се вградиле во македонската државност“, се наведува во честитката што по повод празникот до граѓаните ја упати македонскиот премиер Никола Груевски. /крај/со/ст

Без коментари

LEAVE A REPLY