Македонија го загуби финалето на Европската лига

0
586

Одбојкарската репрезентација на Македонија и во вториот обид не успеа да ја освои Европската лига. Во саботата, македонските одбојкари загубија од Естонија со максимален резултат (19-25, 13-25, 23-25).

Заморот, немањето на доволен број квалитетни играчи во ротацијата, лошиот сервис и прием, ја однесоа макеоднската одбојкарска репрезентација во пораз, во финалето на завршниот турнир во Европската лига, кој се одржа во Варна.

Естонија доминираше во текот на целиот меч, Македонија единствено во третиот сет пружи отпор, но ниту тоа не беше доволно да биде спречен поразот.