Македонија има два надежи за Олимписка норма на светскиот стрелачки Куп

0
467

На претстојниот Светски куп во спортско стрелаштво кој ќе се одржи од 6 август до 16 август во Азербејџан, Македонија ќе има свои двајца преставници. Нашите спортски стрелци Нина Балабан и Ана Ивановска во дисциплината 10 метри воздушна пушка ќе се обидат да направат добри резултати. Според програмата на организаторот натпреварот во дисциплината воздушна пушка 10 метри жени е предвиден да се одржи на 10 август 2015 година. МССФ очекува после завршување на подготовките, формата да ja подигнaт Ана Ивановска за 10 кругови, а за Нина Балабан 5 круга (414,00 и влез во финале). МОК во целост ги покри трошоците за настап на нашите спортисти на овој светски куп, со надеж и верба во реализација на нивните најдобри постигнувања за време на светскиот куп.