Македонија инспирација за првиот видео запис на перуанецот Валентино де Васко

0
436

Секој од нас посакал барем еднаш да го пропатува светот на мотор. Тоа е адреналинска авантура за која многумина живеат.
Валентино Де Васко, кој по потекло е од Перу  четири години патувал низ светот токму со мотор. Она што е најинтересно во оваа приказна е тоа што песната ја напишал и снимил токму во Македонија, за време на неговиот пет месечен престој на Балканот. Песната го слави номадскиот живот, патувањата и соништата.
Овој спот е прв на Валентино, а по повод 4 годишнината од започнувањето на мото авантурата низ светот.
Перуанецот Валентино де Васко кој патува низ целиот свет со мотор, ја презентира музиката на  на различни земји. Во Аљаска пред 4 години одлучува дека сака да купи мотор, иако никогаш претходно не возел.
Во Битола настапи минатата година во Бар чаршија.
За нашата публика вели дека одлично реагира на неговите настапи, а како народ за македонскиот вели дека сме доста љубезни.

За прв пат слушнал македонска музика во Охрид, кога еден бенд свирел реге, а тогаш учи и песна од Супер хикс.

Изведува индиски, шпански, англиски, руски, италијански, монголски, турски песни.

Видео материјалите на првиот видео запис се на  Ален Кушчар, а продуцент е Роберт Димкоски.