Македонија ја препознава заканата од глобалниот тероризам

0
583

Во 2015-та година меѓу главните контратерористички напори се споменува операцијата на гонење на 37 и апсење 13 поединци согласно неодамна донесениот закон во Македонија за странски терористички борци.  Десетина македонски граѓани отпатувале во Блискиот Исток како странски терористички борци, иако постојат индикации дека неодамнешните апсења имаа застрашувачки ефект, стои во извештајот на Стејт департментот во делот за Македонија.

Македонија покажа силна определеност во Глобалната коалиција за борба против Исламската држава во Ирак и областите во источниот дел на Средоземното Море.  Македонија е членка на работната група за борба против странските терористи во рамки на Коалицијата, а тогашниот премиер Никола Груевски присуствуваше на самитот на Белата куќа за борба против ИСИЛ и насилниот екстремизам што во септември се одржа во Њујорк, се наведува во документот.

Споменат е инцидентот од 21-ви април кога вооружена група од околу 40 лица одзела оружје, муниција и комуникациска опрема од пограничната полициска станица во Гошинце во близина на границата со Косово.  На 9-ти и 10-ти мај, македонската полиција изведе акција во Куманово, наводно да ја преземе украдената опрема.  Притоа загинаа осуммина македонски полицајци и десет припадници на вооружена група.  Иако мотивот на вооружената група во моментов не е јасен, Јавното обвинителство инцидентот го оквалификува како акт на тероризам, обвини три лица за предводење на терористичка организација, а 26-мина за учество во терористичка организација, стои во извештајот.

Македонија учествуваше во програмите за градење капацитет, со цел, зајакнување на институциите за кривично право и промоција на владеење на правото.  САД на македонската полиција и` донираа 20 комјутери што би се користеле како поддршка на Секторот за анализа на разузнавачките податоци поврзани со криминални дејствија.