Македонија ќе и враќа мигранти на Грција

0
387

Македонија ќе ги враќа назад во Грција сите мигранти, кои ќе бидат протерани на наша земја од северните држави. Тоа, го изјавил претседателот Ѓорге Иванов за грчкото издание “Катимерини” по повод затегнувањето на границата меѓу двете земји.

“Ако видиме дека северните европски држави го прават тоа, ние ќе го следиме нивниот пример”, нагласува Иванов.

Веќе шест дена надлежните не дозволуваат да премине ниту еден мигрант, кој доаѓа од земјите надвор од воените конфликти. Дозволени се само премини на мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан, кои влегуваат од Грција.

Кревање ограда долж границата со Грција не е за да ја затвориме границата, туку само за да создадеме еден влез за бегалците и мигрантите, рече уште Иванов. “Катимерини” нагласува дека Македонија пред неколку дена ги почна градежните работи на заедничката граница.

Иванов се наврати на изјавите во последните неколку дена, дека Македонија нема да гради бегалски кампови и дека земјата има можност да го прифати најмногу до 2.000 лица.