Македонија ќе подигне ограда и на Меџитлија

0
469

фото: архива

Македонските власти започнале со градење на уште една ограда, на преминот Меџитлија на границата со Грција, по онаа кај Гевгелија, во желбата подобро да го контролира мигрантскиот бран, изјавил за AFP во средата неименуван воен извор, но засега нема официјални потврди за оваа информација.

„Ќе подигнеме ограда и во областа на преминот Меџитлија. Тој дел од границата е порозен и сакаме да ги спречиме илегалните влегувања“, рекол соговорникот на агенцијата без да прецизира колку ќе биде долга и висока оградата.

Од 19-ти ноември македонските власти почнаа да ги филтрираат имигрантите според земјите од кои доаѓаат, така што се пропуштаат само оние коишто доаѓаат од земјите коишто се зафатени со борби, како Сирија и Ирак. Поради тоа на границата во делот кај Гевгелија се случија неколку инцидентите од нервозните имигранти кои се квалификувани како „економски мигранти“, кои останаа на просторот меѓу двете граници.

Кон крајот ноември беше довршена оградата од бодликава жица на граничната кон Грција кај Гевгелија, во должина од три километра, а висока два ипол метра.

Околу 1.200 лица, главно до Пакистан, Мароко и Иран, останаа на ничија земја, откако државите на ткн Балканска мигрантска рута почнаа да ги пропуштаат само оние од воените подрачја.

Грција во средата започна со превезувањето на стотици економски имигранти од границата, кои со седмици се на грчко-македонската граница, кои го блокираат железничкиот сообраќај, бидејќи властите не ги пуштаат на македонска територија.

Тамошната полиција соопшти дека имигрантите со автобуси ќе бидат префрлени до Атина и сместени во бегалски центри пред да бидат вратени во нивните земји./крај/мф/сн