Македонија ќе пријави четворица пливачи на охридскиот маратон

0
350

Помалку од 72 часа нé делат од стартот на 29 издание на Охридскиот пливачки маратон, кој е претпоследен од петте маратони (Аргентина, Мексико, Канада, Македонија, Италија) во Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација. 30 километарската маратонска трка традиционално се плива на патеката „Климе Савин„ од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид. Организаторите на годинешниот, 29 маратон, Меѓународната пливачка федерација – ФИНА, Македонската пливачка федерација (МПФ), Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија. За маратонската трка досега своето учество го пријавиле 20 маратонци од кои 10 мажи и 10 жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија. Македонски преставници на трката ќе бидат Евгениј Поп Ацев кој лани го освои второто место, ветеранот Томи Стефановски, односно Александар Илиевски и Александар Панчевски.