„ Македонија ми даде повеќе, отколку што јас и дадов неа“

0
164

Вака во интервју за Тера Телевизија вели Амбасадорот на Хрватска во Република Македонија Златко Крамариќ.

На синоќешното традиционално одбележување на денот на државноста на Република Хрватска настапи женската клапа „Марјанки” од Сплит кои исполнија далматински песни, а беше емитуван и филмот „Најстарата сплитска кафеана”.

STEVO_INTERVJU_002.jpg

Во своето обраќање до аудиториумот, амбасадорот Крамариќ нагласи дека – „25 јуни е вечен ден и важен ден за Хрватска и прекрасно е кога се одбележува надвор од државата, а во Битола тоа се реализира на најубав можен начин”. – Битолчани многу добро знаат колку се цврсти македонско-хрватските врски и затоа тука се одржува пригоден настан кој е во функција на препознавањето на овој важен датум за историјата на Хрватска, посочи амбасадорот Крамариќ.

STEVO_INTERVJU_003.jpg

Со него разговарвме за патот на Македонија кон Европската унија и вели дека последната средба во Скопје на двајцата министери за надворешни работи Коѕиас и Поповски влева надеж дека работите ќе одат во нагорна линија. Крамариќ вели дека политичкиот дијалог нема алтернатива. Тој го истражувал и македонскиот идентитет и културата и нашата традиција, член е на МАНУ и вели како досега, така и од сега без разлика што заминува од Македонија, тој ќе и се оддолжувал на оваа земја, за се што таа направила за него.