Македонија најгостопримлива земја во Европа

0
449

Кога планирате да патувате надвор од границите на земјата сигурно ги прегледувате сите информации и активности поврзани со местото кое сакате да го посетите. Но, исто така постои уште еден фактор кој може да се земете предвид пред да ги спакувате куферите. Колку е пријателски настроено локалното население?

Ова често не се зема во предвид поради фактот што поминуваме кратко време на местото каде што одиме, без разлика дали се работи за приватно или службено патување.
Македонија се најде прва на листата на најпријателиски земји според Радио слободна Европа сајт кој што објавува информации анализи за настаните во Македонија Балканот и светот.

После неа следи Кипар па Малта, и Португалија а на петто место е Грција. Нашиот сосед Србија е на 20 место додека пак Бугарија е на 27 место.
Додека пак граѓаните на Македонија од соседните земји најмногу симпатии имаат за Србија, покажа објавената анкета која е направена од М проспект телефонски од 27 јуни до 3 јули на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Според тоа испитување на јавното мислење, 44,3 отсто од македонските граѓани сметаат дека Србија е најпријателски настроена кон Македонија. Многу помалку од нив такво чуство имаат кон Албанија-14,8 отсто од граѓаните сметаат дека Албанија е најпријателска соседна земја, а потоа следи Бугарија со 11,2, Косово со два и Грција со 1,1 %.

А пак според Светскиот економски форум за конкурентноста во туризмот во светот во 2013 Македонија беше на четврто место на листата на најпријателски земја за туристи. Во 2009-та Македонија на листата се наоѓала на 80 место, додека во 2011-та на 76-то место.

Без коментари