Македонија, најлоша за живот на ЛГБТ заедницата на Балканот

0
561
Two friends happily running through grass
Организацијата „Реинбоу Јуроп“ (Rainbow Europe) објави мапа и индекс кои покажуваат кои земји во Европа се најдобри, а кои најлоши за живот на ЛГБТ популацијата. На врвот на оваа листа е Малта, а веднаш зад неа се Белгија и Велика Британија, додека на дното е Азербејџан, во друштво на Русија и Ерменија, покажува ИЛГА Јуроп реинбоу индексот. На оваа листа Македонија се наоѓа на 39. место, каде 17,55 отсто се почитуваат правата на ЛГБТ заедницата. Од вкупно 49 позиции, од регионот, Хрватска е на 10. место, Грција на 15., Црна Гора на 20., Албанија на 22 место, Србија на 25., Словенија на 27, Косово на 29., Босна и Херцеговина на 31 и Бугарија на 33 место. При составувањето на листата, користени се индикаторите како што се еднаквост, семејни права, говор на омраза кон оваа заедница, слобода на изразување и права на азил по овој основ.

Без коментари

LEAVE A REPLY