Македонија најнерасположена земја за мигранти

0
504

Мигрантите се најмногудобредојдени на Исланд и во Нов Зеланд, а најмалку во Македонија, Црна Гора и Унгарија и Србија.
Анкетата се спроведувала така што граѓаните од секоја држава давале позитивно, негативно или помешано мислење на вкупно три прашања:од типот
Дали е добро или лошо имигранти да живеат во вашата држава? да бидат ваши соседи? Или да стапат во брак со некој ваш близок роднина?

Одговорот „добро“ вредел три поени, одговорот „зависи“ или „не знам“ вредел еден поен, додека секој одговор „лошо“ вредел 0 поени. Индексот се добивал како збир на поените од сите три прашања.

Според демографијата, подобро образованите и младите генерации се поотворени кон прифаќање на мигранти. Оние со високо образование имаат највисок број од сите останати групи според образование, додека најотворена група, според возраста, се граѓаните родени по 1997 година.
Светскиот индекс за прифатливост на мигранти изнесувал 5,29.

77 држави имале повисок резултат, додека 61 земја имале понизок резултат од просечниот. Мнозинството (54%) од светската популација сметаат дека имигранти кои живеат во нивната држава се добра работа. Нешто помалку (50%), одговориле дека добра работа е имигрант да биде нивне сосед, додека 44% изјавиле дека е добра работа доколку имигрант стапи во брак со нивен близок роднина.

Исто така е утврдено дека помладите генерации повеќе ги прифаќаат мигрантите како и жителите кои живеат во урбани средини.