Македонија нарачува бодликава жица од Унгарија

0
457

Македонија, Австрија и Словенија, земјите кои одлучија да постават бодликава жица на границите за да го намалат приливот на мигранти, нарачуваат бодликава жица од Унгарија, земјата којашто прва започна со подигнување на ограда на нејзините граници, известува државната хрватска телевизија HRT, во прилог за производството на жица во Унгарија.

Жицата се произведува во гратчето Марионостра, кое е оддалечено на десетина километри од унгарската престолнина Будимпешта, којшто досега беше познат како најбезбеден затвор во државата.

Во последните неколку месеци градот го посетуваат бројни бизнисмени, а главната причина за тоа е главниот производ на затворот, бодликавата жица којашто ја изработуваат 700-те затвореници, известува новинарот на HRT.

Ѓерѓи Баконди, комесар во унгарската влада за економија се пофали дека овие денови стигнала нарачка и од Македонија. „Станува збор за голема пратка, од дури 10 илјади метри бодликава жица, која нивната влада наскоро ќе ја постави на границата со Грција“, вели во прилогот Баконди.

Според него, многу европски земји размислуваат да постават жица на границите. Една од нив е и Романија, која досега немаше проблеми со бегалците, но одлучи да нарача десетици километри бодликава жица поради превенција.

На 19-ти ноември македонските власти почнаа да ги пуштат само бегалците од воените подрачја, а економските имигранти ги враќаат.

Кон крајот ноември беше довршена оградата од бодликава жица на граничната кон Грција кај Гевгелија, во должина од три километра, а висока два ипол метра, а сега се најавува нова ограда кај граничниот премин Меџитлија.

Економските мигранти со автобуси се превезуваат во Атина и имаат рок од 30 дена да се вратат во земјите од којашто дошле./крај/мф/ффс