Македонија не е подготвена за избори

0
330

Европскиот олеснувач во преговорите, Питер Ванхауте во интервју за порталот индекс 7, изјави  дека на 5 јуни не постојат услови за оддржување на слободни и фер избори во Македонија.

Образложува дека тоа не е можно поради неисполнувањето на дел од точките од пржинскиот договор, како што се медиумите и избирачкиот список.

„Владеачката партија не сакаше да се откаже од контролата врз ова регулаторно тело“-  вели Ванхауте.

Ванхауте си заминува од функцијата, но не ја напушта земјата. Во недела на 27 март и формално завршува мандатот на медијаторот на Европската Унија во Македонија, а денеска е практично неговиот последен работен ден.

За постигнатото на преговорите на работните групи објаснува дека делумно е задоволен и дека сè уште останува многу работа.

Тој во вторникот доби одликување од амбасадорката на Кралството Белгија „Офицер во кралскиот ред“. За одликувањето кажа дека му е многу драго,  затоа што малкумина го добиваат.

Без коментари

LEAVE A REPLY