Македонија неслободна земја за медиумите

0
381

Во најновиот извештај на Фридом хаус за слободата на печатот, Македонија, од групата делумно слободни, падна во групата неслободни земји. Тоа е поради обелоденувањето на масовно и нелегално прислушување новинари од страна на владата, корупциските врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, како и зголемените закани и напади врз медиумски работници.