Македонија одбележува 113 години од загинувањето на Гоце Делчев

0
431

Денеска се навршуваат 113 години од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.
Гоце Делчев беше убиен на 4 мај 1903 година, во борба со турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.

Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Во зачуваните писма Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права за сиромашното население. /крај/мф