Македонија остана без селектор, Џикиќ сменет на 40 дена до Евробаскетот

0
296

Александар Џикиќ не е повеќе селектор на кошаркарската репрезентацијата на Македонија, објави утринава раководството на Македонската кошаркарска федерација на својата веб страна. Одлука ја донел комитетот за итност во МКФ во консултација со членовите на Управниот одбор. Според информацијата објавена од МКФ, селекторот е разрешен поради, како што се вели во кратката информација, нарушената соработка и недоверба во органите на федерацијата. Притоа од МКФ му се заблагодаруваат на Џикиќ за досегашната работа со националниот тим. Александар Џикиќ седна на клупата на Македонија мината година и со променет и подмладен состав успеа да ги мине квалификациите за ЕП 2015 и да ја однесе Македонија во завршницата на Евробаскетот.