Македонија остана на 139. место на ФИФА листата

0
358

Фудбалската репрезентација на Македонија се задржа на 139-та позиција на ранг листата, која Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави во четвртокот.

Според рејтингот, македонската репрезентација од ривалите со кои ќе игра во квалификациите за пласман на светското првенство е подобра само од Луксембург (182-ра позиција).

Најдобар рејтинг од ривалите на Македонија има Шпанија (осмо место), потоа следува Италија (10), па Албанија (37) и Израел (76).

На врвот на ФИФА листата, меѓу најдобрите пет нема промени Аргентина е прва пред Белгија, Колумбија, Германија и Чиле.