Македонија поразена од Полска на дебито во Гдањск

0
414

Македонските ракометари со пораз стартуваа на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Македонија, во првото коло на турнирот во Гдањск, загуби од домаќинот Полска 20:25 (9:13). Македонија загуби од Полска, но не ги загуби шансите за пласам во Рио, но она што загрижува по поразот од домаќинот на турнирот во Гдањск е играта во двата правци.

Полјаците го контролираа натпреварот од првата до последната минута, отворија со 3:1, Македонија потоа со два брзи гола на Манасков израмни на 3:3 и тоа беше единствениот момент кога „црвено жолтите“ беа егал со противникот. Полска во 13-та минута стигна до четири гола предност (9:5), која без поголеми проблеми ја сочува до крајот на првиот дел.

Победникот беше решен практично на стартот на вториот дел, кога Полска во 33-та минута поведе со 17:11. Кире Лазаров со осум гоови беше најефикасен во македонската репрезентација, а Стоилов и Ѓеоргиевски погодија по четири пати.

Обрван и неговите избраници немаат многу време за анализа на овој пораз, бидејќи в сабота ги очекува најважниот меч на турнирот против Тунис. Туниќаните во првиот меч славеа над Чиле со 35:29.

Без коментари

LEAVE A REPLY