Македонија поразена од Шпанија

0
654

Македонската репрезентација вечерва загуби со 5:0 од Шпанија на првиот натпревар на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски е задоволен од играта на неговите фудбалери кои во најголемиот дел од натпреварот беа рамноправни со Шпанија, но не може да прими честитки бидејќи нашата репрезентација доживеа убедлив пораз.

„Не сум сигурен дака можам да прифатам честитки по овој резултат но имаше моменти во кои бевме рамноправни со Шпанија, имавме изедначена посед на топка речиси 60 минути, имавме организирани напади, корнери, шутеви на голот и бевме речиси изедначени“ – вели селекторот Благоја Милевски.