Македонија поразена од Шпанија

0
295

Македонската репрезентација доживеа нов пораз во квалификациите за Светското првенство, овој пат бевме немоќни против силната селекција на Шпанија која дојде до триумф од 2-1.

Мрежата на Димитриевски се тресеше по само 15 минути игра кога по асистенција на Алба, Давид Силва го измами Шиков и постигна лесен гол за водство на Шпанија од 1-0.
Течеше 27. минута кога Иско се прошета по десната страна, нафрли до Диего Коста на кој не му беше тешко да реализира за 2-0.
Стефан Ристовски во 66. минута тргна сам од центарот, по една соло акција биеше силно под пречката на Давид Де Геа постигнувајќи прекрасен гол за намалување на 2-1. Македонија се врати во игра.
По шест одиграни кола Шпанија е прва со 16 освоени бодови, Македонија е претпоследна, петта со три бода.