Македонија поразена во трилер во Краков од Полска

0
519

Македонија остана со празни раце и по второто коло во групата A на Европското првенство во Полска откако загуби од домаќинот со 24 спрема 23 во преполната арена во Краков.

Последниот напад со играч повеќе не ни го донесе посакуваниот бод и не однесе во директна пресметка со Србија за пласман во наредната фаза. Полјаците малку и со помош на фортуната се израдуваа на пласманот во втората фаза. Македонија играше, парираше но, направи и неколку грешки кога се кроеше победникот. Кире Лазаров постигна 8 голови, Миркуловски 5 а Прибак три.

Денеска Франција ја совлада Србија со 36 спрема 26 по што заедно со Полјаците си обезбеди место во новата групна рунда. Македонија и Србија во вторник од 18.15 часот ќе решат која ќе биде третата репрезентација од групата што ќе продолжи на ЕП во Полска.