Македонија сака едуцирани Роми

0
1212

Ако се сетиме на нашето поаѓање во прво одделение ни текнува на училишните клупи кои што ни изгледаа огромни, а со нашите стапала не успевавме да го доприме подот, се сеќаваме на  нашата прва средба со учителката, на големата школска чанта  наполната со тетратки, моливи и фломастери и секако на првото училишно ѕвонче. А пред старот на новата школска година 6 годишните Мерал и Ракиб се само двете од 25 те првачиња од ромска националност што на 1 септември ќе седнат во школските клупи. Возбудени, среќни но и исплашени, ги сретнавме на Отворениот ден во Здружението за развој на Ромската заедница Сумнал во Битола.

prvace 1

-Многуу сме среќни и возбудени. Сакаме да учиме, а и ќе се дружиме со останатите првачиња, рекоа Мерал и Ракиб

Родителите пак со солзи радосници, горди на своите  првачиња.

Почнувајќи од месец мај и во текот на летниот период едукатори од Здружението Сумнал преку теренска работа ги посетиле ромските семејства за да ги информираат за законската регулатива за посетување на основно и средно образование, како и потребата за посета на центарот за ран детски развој Сумнал. Се одржале и  работилници со родителите и децата во која што успешни Роми им зборувале за важноста на образованието.

sumnal naslov

-Постојат семејства кои што неможат да ги пуштат децата на школо. Целта наша е што повеќе деца да се запишат во центарот за ран детски развој,Да се мотивираат децата и родителите да се запишат во основното училиште,Да се подигне свесноста кај населението за важноста на образованието,Да се информираат родителите за потребните документи за упис на нивните деца во училиште, Да се зголеми бројот на запишани деца во основните училишта, изјави Александра Сивевска од Здружението за ран детски развој „Сумнал“

59
Дека образованието е пат до успехот говори примерот на дваесет и пет годишната Сенада Сали од Тетово, по професија меѓународен правник,а  веќе три години престојува во Унгарија и работи како меѓународен правник.
Таа работи во меѓународна организација за човекови права со седиште во Будимпешта на случаите на дискриминација на Ромите во држави низ цела Европа. Желбата за напредок во кариерата и дообразување ја однела од Македонија во Унгарија, вели во интервјуто за порталот фактор.мк.За себе вели дека е многу амбициозна личност и во идина се гледа како правник кој работи во Европскиот суд за човекови права.

Статистиката вели дека со донесување на националната стратегија од Декадата на Ромите 2005-2015 година, запишувањето на Ромите во образованието бележи напредок. Сали е само една од многуте млади образовани луѓе која може да се пофали со својата успешна приказна. Се надеваме дека овие првачиња ќе го следат нејзиниот пример .