Македонија се пласираше во втората фаза на ЕП во ракомет

0
718

Нашата  ракометна репрезентација се избори за влез во втората фаза на Европското првенство во Полска откако ремизираше со Србија 27:27 во третото коло од групната фаза.

Дејан Манасков со 10 гола беше најзаслужен за успехот на Македонија. Репрезентативното крило го постигна голот за реми во последната секунда од средбата. Србија беше пред победа но нашите ракометари се изборија за бод кој ќе го пренесат во следната фаза.

Првото полувреме исто така беше нерешено. Дејан Станиќ беше најдобриот поединец во противничкиот тим а поранешниот голман на Металург беше прогласен и за играч на натпреварот.

Македонија сега е во очекување на комплетирањето на третото коло од нашата и од групата Б за да ги дознае противниците за следната фаза на ЕП.

Без коментари

LEAVE A REPLY