Македонија со максимални шест победи до првото место во групата од Европската лига

0
443

Одбојкарската репрезентација на Македонија синоќа ја оствари и шестата победа во рамките на групата од Европската лига и како првопласирана обезбеди пласман на завршниот турнир што на 1 и 2 јули ќе се игра во Варна.

Нашите одбојкари во последното коло ја победија Бугарија со 3-1 во сетови (18:25; 25:21; 25:23 и 27:25) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Првиот сет им припадна на ривалите, а во следните три подобри беа нашите одбојкари. Откако Македонија поведе со 2-1 во сетови беше јасно дека е обезбедено првото место во групата, па во четвртиот сет селекторот Жарко Ристоски им даде шанса на играчите од клупата, кои исто така успеаја да го добијат сетот.

Македонските одбојкари ќе бидат слободни до вторник кога ќе ги продолжат подготовките за завршниот турнир.