Македонија со незабележителен скок, Аргентина и натаму лидер

0
339

Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок од две места на најновата ранг-листа на ФИФА, на која се најде на 103 место за месец август. Напредокот на македонскиот национален тим доаѓа во период во кој репрезентацијата не одигра ниту еден натпревар и ги задржа постоечките 311 бодови. Ова се должи на фактот што Бенин и Салвадор, кои загубија бодови поради своите слаби резултати во изминатиот месец, паднаа под Македонија. Аргентина ја задржа водечката позиција на најновата ФИФА ранг-листа, пред Белгија, која го мина актуелниот светски првак Германија. Зад Германците се наоѓаат Колумбија, Бразил и Португалија, а најголем пад од водечките селекции бележи Холандија, која од 5 падна на 12 позиција.