Македонија со одличен впечаток, но се радува Франција

0
648

Македонија загуби на премиерата на евроспкото првенство во Полска. Иако добро се држевме цели 52 минути, одржувајќи го мечот во егал, Франција успеа да искористи неколку почетнички грешки на нашите ракометари, направи предност од неколку гола, која до крајот на мечот само ја зголемуваше за конечен триумф од 30:23.

„Црвено-жолтите“ има аодличен меч. Првото полувреме го завршивме нерешено со 12:12, одлично отворивме во вториот дел и успеавме до пред самиот крај да се одржиме во игра за добар резултат. Сепак, светскиот шампион ја потврди својата класа и за само неколку минути на прави недостижна предност.

Лазаров со 9 гола беше најефикасен кај нас, 5 гола постигна Манасков, а 4, Георгиевски. Кај Французите со 6 гола не задржлив на линијата беше Сораиндо.За одбележување се и одличните голмански интервенции на Омејер и Ристовски.

Без коментари

LEAVE A REPLY