Македонија станува дел од заедничката транзитна постапка на ЕУ

0
207

Македонија од 1-ви јули, среда, станува дел од заедничката транзитна постапка на ЕУ со пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока.

Царинската транзитна постапка претставува една од основите на европската интеграција и е од витален интерес за европските бизниси.

Со пристапувањето кон заедничката транзитна постапка на ЕУ се овозможува транзитирање на стоки меѓу кои и да се две места во кои било земји кои се дел од заедничката транзитна постапка со користење на една единствена транзитна декларација во електронска форма и единствена гаранција.

Официјалното пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзит ќе биде одбележано истиот ден 1 јули 2015 година (среда) во 12:00 часот во просториите на Царинска управа