Македонија во финале на Европската лига!

0
609

Македонските одбојкари запишаа историски пласман во финалето на Европската лига, откако вечерва во полуфиналето на Ф4 славеа против Естонија на повеќе од убедлив начин во три сета со 25-23,25-22 и 25-22. Извонреден успех за македонската одбојка кои ни го подарија „спартанците“ во црвено-жолто.

Во финалето на Европската лига сега нашите репрезентативци ги чека пресметката со Словенија.