Македонија во регионот е само пред Албанија

0
452

Според мапата за животниот стандард во Европа,Македонија во регионот е само пред Албанија.

Најголемиот индекс во регионот кога станува збор за стандардот има Хрватска, а веднаш зад неа се БиХ (75) и Црна Гора (65). Индексот на македонскиот стандард изнесува 58 поени и сме зад Србија која има 61, а пак зад нас заостанува Албанија со 54 бода.

Чешкиот лингвист и математичар Јакуб Мариан направи карти на кои прикажа колку европските земји се разликуваат кога станува збор за трошоците за живот и куповната моќ, односно стандардот на граѓаните.

Според неговите пресметки најскапа земја за живот е Швајцарија со индекс 199, но оваа земја исто така има и највисок стандард во Европа, повеќе од двојно од Полска поради што е идеална за сите оние кои би сакале во неа да работат, но е многу неповолна за студентите и пензионерите кои би сакале да се преселат од таму, објаснува Мариан на својата интернет страна.

mapa-zivot-02

На второ место по скапиот живот се наоѓа Норвеша со индекс од 153, нормално и во оваа земја куповната моќ на граѓаните е многу висока. Добар стандард имаат и Германија и Данска, чии индекси изнесуваат 183 и 176.

Иако има повеќе од двојно пониски стандарди за живот од Германија, Македонија (58) неможе да се пофали со добро рангирање на картата за куповната моќ на граѓаните. Имено во регионот полош стандард имаат само граѓаните на Албанија со индекс од 54.

Најголемиот индекс во регионот кога станува збор за стандардот има Хрватска, а веднаш зад неа се БиХ (75) и Црна Гора (65).