Македонија во жолта фаза

0
156

Македонија денеска влегува во жолта фаза поради што се очекуваат температури до 40-тиот степен и висок УВ индекс 9. Ваквото време, според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи, ќе продолжи и во следните денови.

Поради топлиот бран кој ја зафати државата, Министерството за здравство препорачува да се избегнува физичка активност од 11 до 17 часот, да не се излегува на сонце и да се употребува лесна храна и многу течности. Граѓаните треба да носат лесна облека, а постарите лица редовно да ја земаат својата терапија. Доколку пак се излегува на сонце, да се одмора под сенка или во некоја климатизирана просторија и со себе да се носи вода, пренесува МИА.
Во соработка со здравствените домови и со Црвениот крст ќе бидат поставени во 33 градови пунктови за бесплатни превентивни прегледи кои ќе се вршат секој ден од 18:30 до 21:30 часот. Ќе се мери крвен притисок и ќе се даваат совети за превенција од топлото време, но и за здрав начин на живот