Македонија води со 2:0 против Ерменија и е на чекор до финална победа

0
201

Димитар Грабул со убедлив триумф против Микајел Качатрјан донесе водство од 1:0 за македонската репрезентација против Ерменија во првата рунда натпревари од Третата зона на Дејвис Купот. Грабул без поголеми проблеми, во два сета со 6:1,6:2 славеше против Качатрјан, отворајќи го патот за нашиот вкупно победа против Ерменците во пресметката. Во вториот натпревар Томислав Јотовски го совлада Микаел Аветисјан и Македонија води со 2:0 и е на чекор до финална победа.