Македонија зафатена од топлотен бран

0
295

Македонија се наоѓа во жолтата (алертна) фаза. Од денеска до вторник, земјата ќе биде зафатена со температури до 40 степени целзиусови.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека во текот на ваквите екстремно топли денови, граѓаните треба да останат во затворени простории, пред се климатизирани. При неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.