Македонија заостанува зад регионот во однос на енергетските реформи

0
266

Македонија заостанува зад регионот во однос на енергетските реформи, алармираат од Европската енергетска заедница.

Во последниот извештај на ЕЕЗ се нотира дека земјава потфрла со реформите во енергетскиот сектор и е „изгубена“ во однос на спроведените реформи.

И во овој извештај бројни критики зошто земјава ја одложува либерализацијата на пазарот на струја, а се потенцира на неисполнетоста на барањата за реформирање на Регулаторната комисија со цел да се осигура нејзината независност.

На крајот од извештајот  се нагласува дека во Македонија нема политичка волја за усвојување на енергетскиот закон што се одразува и во спроведување на директивите за обновлива енергија а нема ни волја за имплементација на европските закони за енергетска ефикасност.

Во ланскиот октомвриски извештај ЕЕЗ предупреди дека Mакедонија може да биде единствената земја без либерализиран енергетски пазар.

Домаќинствата се принудени да останат во заробеништво до 2020 година, стои во Извештојот на Европската енергетска заедница. Таму се потенцира дека земјава стагнира во реформите во енергетскиот сектор.

„Во секторот на електрична енергија, земјата сега може да да биде и единствена во Европа, каде што на клиентите им се негира право да го изберат својот снабдувач, клучен принцип на правото на ЕУ. Има некои симпатии за фрустрацијата на земјата со нејзиното искуство во процесот на пристапување во ЕУ, Секретаријатот ќе обиде да се вклучи со Владата во конструктивен дијалог во насока на надминување на сегашната состојба.“ велат од Европска енергетска заедница.

Енергетската заедница сугерира дека е неопходно да се донесе нов закон за отворање на пазарот и ефикасна регулаторна моќ и независност.

Без коментари

LEAVE A REPLY