Македонка првенец на генерација на солунскиот универзитет

0
245

Ниту проблемот со името, ниту новата и непозната средина, ниту грчкиот јазик не беа пречка за прилепчанката Климентина Ѓоргиоска.

На почетокот беше прва Македонка на факултетот за политички науки на солунскиот универзитет Аристотел, а сега е прва Македонка првенец на генерација на државниот грчки универзитет. Со високиот просек,највисок меѓу  дипломираните студенти ја доби титулата најдобра меѓу своите колеги.  Ѓоргиоска за Канал 5, вели дека нејзиното искуство е пример за кршење на бариерите и стереотипите меѓу двете соседни земји и двата народи.

-Деценискиот политички проблем меѓу двете земји никогаш не претставуваше бариера во моето школување. Високите оценки се потврда за објективниот и непристрастен однос на грчките професори, но и доделувањето на ова признание за најдобар студент, за првенец на генерација, како и минатогодишното доделување на плакета за најдобар студент по пракса се потврда дека грчките професори, грчкиот образовен систем е крајно објективен и дека знае да ги почитува и вреднува студентите, но не само грчките студенти туку и студентите кои доаѓаат од другите земји, објаснува Климентина  Ѓоргиоска, која е дипломиран студент на политички науки на Универзитетот Аристотел во Солун.