Македонка загинала во нападот во Брегот на Слоновата Коска?!

0
565

Македонка, наводно загинала во терористичкиот напад во Брегот на Слоновата Коска, пишуваат медиумите, но од Министерството за надворешни работи не можат да го потврдат случајот.

„Не можеме да потврдиме ништо. Подоцна ќе излеземе со информации“, велат од МНР за Макфакс.

Инаку, Македонката  била дел до мисијата на Обединетите нации во оваа африканска земја.

Според медиумите кои се повикуваат на социјалната мрежа фејсбук, нејзината последна порака, оставена утрото била „здраво недела“. Пријателите на социјалните мрежи почнаа да се простуваат со неа.

Четиринаесет цивили и двајца припадници на безбедносните сили загинаа во напад кој го извршиле милитанти врз хотелски комплекс, објави во неделата претседателот Аласан Уатара.

„Шест напаѓачи дошле на брегот на Гран Басама во раните попладневни часови. За жал, во моментов имаме 14 цивили и двајца припадници на специјалните сили, кои се убиени“, рекол претседателот Уатара кој пристигна на местото на трагедијата. Додал и дека шесте напаѓачи биле ликвидирани.

Очевидец изјавил за AFP дека еден од напаѓачите извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем, на арапски), додека друг рекол дека напаѓачите биле „тешко вооружени и дека носеле маскирни капи додека пукале врз гостите“ на хотелскиот комплекс „ Etoile du Sud“, кој во овој период од годината е преполн со странски туристи./крај/мф/бб