Македонска филмска премиера во Сараево

0
334

Филмот со кој ќе се отвори 37 то издание на интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки, Ослободување на Скопје, се прикажа на сараевскиот филмски фестивал.

На гала премиерата на филмот присуствуваше и дел од екипата предводена од режисерот Раде Шербеџија, кој ја толкува една од главните улоги , 11-годишниот Давид Тодосовски, продуцентот Роберт Насков.

Филмот беше прикажан во рамките на Авант премиере програмата, која годинава ќе понуди премиери на четири филмови од автори од регионот. Покрај Ослободувањето на Скопје, ќе бидат прикажани и Дневникот на машиновозачот, од Милош Радовиќ (Хрватска, Србија), Новини на Далибор Матаниќ (Хрватска). Авант Премиер програмата е воведена во 2014 година како дел од индустрискиот сегмент на Сараевскиот фестивал и има за цел да ја олесни регионалната промоција, дистрибуција во земјите од нашето лингвистичко подрачје.

Главните улоги во Ослободување на Скопје ги толкуват: Давид Тодосовски, Раде Шербеџија; Силвија Стојановска, Луција Шербеџија; Петар Мирчевски и Небојша Глоговац. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Иван Бартлинг, костимограф Жаклина Крстевска, дизајнер на маска Ана Булајиќ Црчек. Филмот го продуцираа Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор А. Нола и Владимир Анастасов.

Филмот Ослободувањето на Скопје, во режија на Раде Шербеџија, е македонска (Партизанс), хрватска (Лијени Филм) и финска (Арт филмс) копродукција. Финансиран е од Агенцијата за филм на Република Македонија, Хрватскиот визуелен центар, Финскиот филмски фонд и Финската Телевизија.

 

Македонската премиера на филмот ќе се одржи на отворањето на ИФФК. „Браќа Манаки“ , кој фестивал оваа година ќе се одржува од 10- ти до 17 -ти септември.