Македонска „Зајди, зајди“ на видео игра

0
430

Oва е сцена од новата видео игра   „Батлфилд 1“  која што на 21 октомври годинава официјално излезе за „Ексбокс“, „Плејстејшн 4“ и компјутер. Приказната на Батфилд 1, која е пукотница во прво лице, е сместена во Првата светска војна периодот 1914 до 1918. Покрај добрата графика, фановите се воодушевени и од изборот на музика за играта. Истата  предизвика воодушевување кај критиката и фановите. Сепак, не е само добрата игра она што го привлекува вниманието на играчите, туку постојат повеќе елементи. Еден од поважните е и изборот на музика, односно саундтракот на видеиоиграта. Така на еден форум за игри, се разви дебата дали македонската „Зајди, зајди“ е вклучена како музичка подлога во „Батлфилд 1“.

На „Јутјуб“ се појави и верзијата која наводно се појавува во играта

Според информациите од корисниците на форумот, во видеоиграта е вклучена верзија на „Зајди, зајди“, отпеана од страна на Ива Давидова, бугарска пејачка на народна музика. Инаку, се разбира, станува збор за една од најпознатите македонски народни песни, која најмногу се памети по изведбата на легендарниот Александар Сариевски.
Во „Батлфилд 1“, „Зајди, зајди“ е употребена во две поглавја од играта, „Nothing is Written“ и „The Runner“
„Зајди, зајди јасно сонце“ ја напиша прочуениот Александар Сариевски, но песната во изминативе 20 години стана исклучително популарна на целиот Балкан, а и пошироко, па речиси и да нема пејач кој не ја пееше оваа позната песна. Една од најпознатите спектакуларни препеви е онаа на нашиот Тоше Проески.

Без коментари

LEAVE A REPLY