Македонската армија ќе се справува со мигрантите на границите

0
613

На јужната и на северната граница е прогласена кризна состојба, а полицијата, заедно со Армијата ја засилуваат контролата на границите и на пограничните појаси, по зголемениот број на мигранти кои транзитираат од Македонија

Околу 1.500 мигранти остануваат заглавени во меѓуграничниот појас на Грција и Македонија, откако на вчерашната владина седница била донесена одлука за прогласување кризна состојба во регионот на јужната и на северната граница.

За постапување по одлуката на Владата ќе биде формиран Главен штаб при Центарот за управување со кризи кој што треба да го изготви акцискиот план и да ги реализира предвидените активности.