Македонската армија крева ограда на границата со Грција

0
412

Македонската армија во сабота изутрина започна да поставува метална ограда на јужната граница со Грција на делот каде бегалците во најголем дел минуваат на патот кон западна Европа, јавува Reuters.

Војниците започнале да поставуваат метални шипки во земја и да развиваат жичени елементи, подигнувајќи ограда слична на онаа што Унгарија да постави на границите со Србија и Хрватска.

Во последните денови преку границата се пропуштаат бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак, додека од останатите националности се враќаат назад, бидејќи се сметаат за економски имигранти. Оваа доведе до трупање на бегалци на македонско-грчката граница и протести на Иранци, Пакистанци, Мароканци и други.

Висок претставник на македонската влада кој сакал да остане анонимен изјавил дека новата ограда е „само превентивна мерка“.

„Ние не ја затвораме границата. И натаму ќе пропуштаме мигранти од државите кои се зафатени со војна“, рекол анонимниот македонски функционер. /крај/